Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на условите за учење, во склоп на проектите за енергетска ефикасност, реконструиран е дел од кровната конструкција во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, подрачно училиште с. Митрашинци.
Сменет е кровот на просторијата во која се одвива наставата по физичко образование, каде што во следниот период е предвидена и целосна реконструкција на истата.
Со реконструкција на овој објект, во подрачното училиште во с. Митрашинци ќе се подобрат условите за учење, за спорт и рекреација, но исто така ќе се заштити зградата на училиштето, кое после долги години, ќе добие подобрени услови за учење за учениците.
Средствата во износ од 1.200.000,00 денари, за промена на коровната конструкција, се обезбедени од Програмата за намалување на аерозагадувањето, на Влада на РСМ, за 2019 година, по одобрена апликација на општина Берово, додека средствата за реконструкција на просторијата, се обезбедени од Буџетот на училиштето и општината.
Целта, на оваа мерка, на Владата на Република Северна Македонија, е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето во земјата, а целокупната постапка до избор на најповолен понудувач, е спроведена преку Генералниот секретарјат, при Влада на РСМ.