Врз основа на член 3 од ОДЛУКА за утврдување на висината на надоместокот за закуп на тезги и штандови за саемот Малешевијата на дланка и ЕТНО Плоштад фесивал 2026 година , која Советот на Општина Берово, ја донесе на 13-тата Седница, одржана на ден 18.6.2026 година, Општина Берово, распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
За користење на јавна површина за поставување на штандови за време на „ЕТНО Плоштад Фестивал 2026“ и Саемот „Малешевијата на дланка“
Општина Берово ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица да поднесат пријава за користење на јавна површина, за поставување на штандови, тезги и други содржини за време на одржувањето на „ЕТНО Плоштад Фестивал 2026“ и Саемот „Малешевијата на дланка“, кои ќе се одржат во периодот 27 – 29 август 2026 година.
Висина на надоместокот
Надоместокот за користење на јавна површина е утврден на следниот начин:
- Тезги за изложување на домашни производи и ракотворби како и штандови за хуманитарни цели – без надомест (0 денари).
- Локација бр. 1 – почетна цена 60.000 денари.
- Локација бр. 2 – почетна цена 60.000 денари.
- Локација бр. 3 – почетна цена 35.000 денари.
- Локација бр. 4 – почетна цена 30.000 денари.
- Локација бр. 5 (воз, трамболина и други забавни содржини), со максимална површина до 6 м² – 15.000 денари.
- Локации бр. 6, 7 и останати локации согласно Графичкиот приказ, за други правни лица – изложувачи, со површина до 6 м² – 2.000 денари по м².
- Локација бр. 8 – штанд на Државна лотарија на Македонија, со површина до 8 м² – 8.000 денари.
- Локации бр. 9, 10, 11, 12, 13 и 14 – тезги за подготовка и продажба на скара, со површина до 70 м² – 30.000 денари.
Право на учество
За закуп на локациите бр. 1, 2, 3 и 4 право на учество имаат исклучиво правни лица регистрирани за вршење угостителска дејност, што се докажува со доставување тековна состојба, не постара од шест месеци.
Еден понудувач може да конкурира и да добие само една од локациите.
Начин на доделување
За локациите бр. 1, 2, 3 и 4, локацијата ќе му биде доделена на понудувачот кој ќе понуди највисока цена, која не смее да биде пониска од утврдената почетна цена.
Доколку двајца или повеќе понудувачи понудат иста највисока цена за иста локација, предност ќе има понудувачот кој прв ја поднел пријавата („Прв дојден, прв услужен“).
За сите останати локации, распределбата ќе се врши исклучиво по принципот „Прв дојден, прв услужен“, по однапред утврдените цени согласно Одлуката.
Наведените надоместоци се однесуваат за користење на јавната површина исклучиво за периодот од 27 до 29 август 2026 година.
Поднесување на пријави
Заинтересираните правни и физички лица треба да достават писмена пријава.
За локациите бр. 1, 2, 3 и 4, пријавата задолжително треба да содржи:
- број на локацијата за која се конкурира;
- понудена цена;
- податоци за контакт;
- тековна состојба (за правните лица кои конкурираат за овие локации).
За локациите бр. 9, 10, 11, 12, 13 и 14, пријавата задолжително треба да содржи:
- број на локацијата за која се конкурира
- тековна состојба со соодветна шифра на дејност (за правните лица кои конкурираат за овие локации)
Пријавите се доставуваат до Архивата на Општина Берово, во затворен плик, со назнака:
„Пријава за користење на јавна површина за време на ЕТНО Плоштад Фестивал 2026“
По истекот на рокот, сите навремено доставени пријави ќе бидат разгледани од Комисија формирана со Решение на Градоначалникот на Општина Берово, а изборот на корисниците ќе се изврши со донесување соодветно Решение.
Рок за пријавување
Крајниот рок за доставување на пријавите е 24 јули 2026 година (петок).
Пријавите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.
Образец за пријава
ОПШТИНА БЕРОВО
Градоначалник
Петар Ружински
