Во Берово одржан регионален форум за одржливо управување со биоотпадот

Во Општина Берово, денеска се одржа Регионален форум посветен на одржливо управување со биоотпадот, на кој учествуваа претставници на институции, општини, јавни претпријатија, граѓански организации и експерти од Источниот плански регион.

Обраќање имаше градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој истакна дека правилното управување со биоотпадот претставува можност за намалување на загадувањето, заштита на природните ресурси и поттикнување на локалниот економски развој. Тој нагласи дека само преку заедничка соработка на општините, институциите и сите засегнати страни може да се изгради ефикасен и одржлив систем за управување со биоотпадот.

Во рамки на форумот, беше презентирана експертска студија за потенцијалите на Источниот плански регион, која укажува дека биоотпадот, особено дрвната биомаса, претставува значаен ресурс, што може да се искористи за енергетски и економски цели, истовремено придонесувајќи за намалување на ризиците од пожари и заштита на животната средина.

Форумот се реализира во рамки на проектот „Нула биоотпад – нула отпад“, со цел унапредување на регионалната соработка и развој на одржлив систем за управување со биоотпадот во Источниот плански регион.

Горе