ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01 / 2026 За одобрување на возни редови на нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Берово за 2026 година

Врз основа на член 19 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004……. 163/2018, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 67/22, 170/24, 3/25, 17/25 и 101/25) и член 7 од Одлуката за уредување на општински линиски превоз на подрачјето на Општина Берово  со бр. 09-3145/1 од 26.09.2018 година донесена од Советот на Општина Берово, Измените и дополнувањата на Одлуката за уредување на општински линиски превоз за подрачјето на Општина Берово со бр. 09-4265/1 од 27.12.2018 година донесена од Советот на Општина Берово и Одлуката за измени и дополнувања на  Одлуката за уредување на општински линиски превоз за подрачјето на Општина Берово со бр. 09-2406/1 од 27.06.2022 година донесена од Советот на Општина Берово, Градоначалникот на Општина Берово објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01  / 2026

За одобрување на возни редови на нови линии и за промена на

одобрени линии за вршење на општински линиски превоз

на патници на подрачјето на Општина Берово за 2026 година

 

Предмет на овој Јавен оглас е одобрување на возни редови на нови линии и промена на одобрени линии.

Возниот ред го предлага превозникот при што е должен да ги има во предвид барањата и потребите на граѓаните од градот и населените места.

Превозот на патници ќе се врши на следните релации:

ВОЗНИ РЕДОВИ

1.ЛИНИЈА БЕРОВО- ВЛАДИМИРОВО И ОБРАТНО

 

Време на поаѓање

линија
Берово 6.00 6.30 7.15 9.00 10.00 11.00 13.00 13.20 14.00 14.20 15.00 15.20 18.00 22.00
Владимирово 6,30 7.00 7.45 9.30 10.30 11.30 13.30 13.50 14.30 14.50 15.30 15.50 18.30 22.30

Време на враќање

линија
Владимирово 6.30 7.00 7.45 9.30 10.30 11.30 13.30 13.50 14.30 14.50 15.30 15.50 18.30 22.30
Берово 7.00 7.30 8.15 10.00 11.00 12.00 14.00 14.20 15.00 15.20 16.0 16.20 19.00 23.00

 

 

  1. ЛИНИЈА БЕРОВО-РАТЕВО И ОБРАТНО

 

линија
Берово 6.00 6.30 7.15 9.00 10.00 11.00 13.00 13.20 14.00 14.20 15.00 15.20 18.00 22.00
Ратево 6,30 07.00 7.45 9.30 10.30 11.30 13.30 13.50 14.30 14.50 15.30 15.50 18.30 22.30

 

линија
Ратево 6.30 7.00 7.45 9.30 10.30 11.30 13.30 13.50 14.30 14.50 15.30 15.50 18.30 22.30
Берово 7.00 7.30 8.15 10.00 11.00 12.00 14.00 14.20 15.00 15.20 16.0 16.20 19.00 23.00

 

На огласот можат да аплицираат превозниците кои имаат важечка лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници од Општина Берово.

 

Заинтересираните превозници поднесуваат Барање кое ги содржи следните податоци: целосен назив на правното лице, седиште, матичен број и даночен број на превозникот, вид на превозот за кој се бара одобрување на возен ред односно промена на возниот ред за кој е издадена дозвола и потпишано и заверено од законскиот застапник на превозникот:

Кон барањето превозникот  ги приложува и следните докази:

 

  • фотокопија од Лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници за подрачјето на Општина Берово;
  • список на возила регистрирани на име на правното лице согласно регистрација од Централниот регистер;
  • фотокопија на сообраќајните дозволи за секое возило одделно, односно фотокопија од Договорот за лизинг и од сообраќајната дозвола за возилата што ги користи по договорот за лизинг од овластен дистрибутер; (заверени на нотар)
  • потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила кои вршат општински линиски превоз;
  • фотокопија од извод од лиценца за возилата за вршење на општински линиски превоз на патници;
  • список на вработени возачи во редовен работен однос (со приложување на фотокопија на Образец М1/М2  и  Потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување  за платени придонеси не постари од 3 месеци за секој возач по одделно);
  • предлог возен ред изготвен за линијата за која се аплицира (доколку превозникот аплицира за повеќе линии треба да достави предлог возен ред за тие линии)
  • изјава за давање согласност за обработка на лични податоци.  ИЗЈАВА

 

Превозниците кои сакаат да извршат промена на возниот ред на одобрена линија за општински линиски превоз на патници, исто така ја поднесуваат наведената документација со предлог нов возен ред.

За спроведување на постапката Градоначалникот формира Комисија за одобрување на возни редови на нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии.

Огласот се објавува на огласната табла на Општина Берово, на официјалната страна на Општина Беровоwww.berovo.gov.mk  и во едно јавно гласило/медиум.

Рокот за поднесување на барањата изнесува 8 (осум) дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните превозници потребната документација заедно со Барањето да ја достават до архивата на Општина Берово, во затворен плик со назнака „Пријава за Јавен оглас за одобрување на возни редови на нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Беровo“.

 Општина Берово

 Градоначалник

Петар Ружински

Горе