ПОКАНА за Јавна расправа во врска со Нацрт Регионален План за управување со отпад и Нацрт извештај за стратегиската оцена на животната средина од спроведување на Планот за Источниот и Северо-источниот регион

Ве известуваме дека во рамки на Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Северо-источниот регион (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137)“ се организира:

 

ЈАВНА РАСПРАВА

По Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион

 

На ден 12.06.2026 година, петок во просториите на голема сала за состаноци во зграда на Општина Берово  со почеток од

11.00 часот

Јавната расправа вклучува:

  • Презентација на главните карактеристики и цели на Регионалниот систем за управување со отпад;
  • Преглед на Нацрт Извештајот за Стратегиската оцена на животната средина од спроведување на Планот;

Подготвениот Нацрт Извештај за стратегиската оцена на животната средина и Резимето од Планот се достапни на веб –страниците на Центрите за развој на Источниот и Североисточниот плански регион.

На настанот може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

 

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

Петар Ружински

Горе