Во Берово, пригодно одбележан 20-ти мај – Денот на пожарникарите

Одбележувањето започна со дефиле на противпожарните возила низ улиците на Берово, додека централната прослава се одржа во дворот на Територијалната противпожарна единица Берово.

На настанот се обрати градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој упати честитки до пожарникарите, по повод нивниот ден, посакувајќи им добро здравје, безбедна работа, што помалку интервенции и многу успех во извршувањето на нивните секојдневни задачи.

Командирот на ТППЕ Берово, Димитар Букушовски, во своето обраќање, зборуваше за работата, посветеноста и предизвиците со кои се соочува единицата, истакнувајќи ја важноста на навремената и професионална противпожарна заштита.

Во рамки на настанот беа доделени благодарници за посебен придонес во унапредувањето на противпожарната заштита на компании, кои континуирано ја поддржуваат единицата, како и благодарници на пожарникари за нивниот особен придонес и посветеност во работењето.

По повод распишаниот ликовен конкурс на тема „Да ја зачуваме природата од пожари“, беа наградени следните ученици:

🥇 Прво место – Ангела Дујовска

🥈 Второ место – Теодора Пелтековска

🥉 Трето место – Софија Ајтовска

Нека е честит 20 Мај – Денот на пожарникарите!

На сите припадници на ТППЕ, им посакуваме што помалку интервенции, многу успех и безбедност во нивната одговорна професија.

Горе