ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД МАТУРИРАЊЕТО ДО СИТЕ МАТУРАНТИ

Драги матуранти,

Примете  искрени честитки, по повод вашето матурирање.

Зад вас остануваат години исполнети со труд, знаење, пријателства и спомени, а пред вас, се нови можности.

Ви посакуваме многу успех на државната матура и во остварување на вашите понатамошни планови.

Бидете гордост на вашите семејства, на Берово и на сите нас.

Упатуваме честитки и искрена благодарност и до Вашите професори, кои се ваша поддршка и водилка низ сите ваши патишта.

Горди сме на вашиот труд, успех и истрајност.

Нека ви е среќна матурата! Ви посакуваме добро здравје, многу среќа, успех и многу лични и професионални достигнувања.

 

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ПЕТАР РУЖИНСКИ

Горе