Во Берово, одржана јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“

Во големата сала на Општина Берово, вчера, се одржа јавна дебата на тема „Асистивна технологија – алатка за социјална инклузија“, во организација на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

Настанот обедини претставници од институции, организации, лица со попреченост, образовни асистенти и заинтересирани граѓани, кои имаа можност, поблиску да се запознаат со можностите и поддршката што ги нуди здружението „Отворете ги прозорците“, како и со современите асистивни уреди, што придонесуваат за полесно и поактивно секојдневно функционирање.

Преку презентации, практични демонстрации и отворена дискусија, присутните разменија мислења, искуства и предлози, во насока на унапредување на социјалните услуги, подобрување на пристапноста и создавање поинклузивна заедница за сите.

Општина Берово останува посветен партнер во поддршката на иницијативи, кои придонесуваат за еднакви можности, поголема социјална вклученост и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Горе