Ораторска вечер по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик во Берово

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, во организација на младите ентузијасти Ана Шоповска и Иван Стојановски, а во соработка со Општина Берово, утре 30.04.2026 година (четврток), со почеток во 18:30 часот, во Бизнис инкубаторот во Берово,  ќе се одржи Ораторска вечер посветена на убавината, значењето и негувањето на македонскиот јазик.

Настанот има за цел да ги поттикне младите генерации да го сакаат и чуваат македонскиот јазик, да ја развиваат својата самодоверба, креативност и способност за јавно изразување, како и да го негуваат критичкото размислување и културата на говорот.

Во рамки на вечерта, стручна жири-комисија ќе ги избере трите најдобри настапи, за кои се предвидени пригодни награди.

Ве покануваме,  да присуствувате на ораторската вечер  и да бидете дел од вечер, исполнета со силни пораки, убави мисли и љубов кон македонскиот јазик.

Горе