Нови инвестиции за Берово – потпишани договори за два значајни проекти

Денеска, во Министерството за локална самоуправа, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, ги потпиша договорите за реализација на два значајни проекти за Општина Берово, кои ќе придонесат за подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните:

✔️ Реконструкција на крак 1 и крак 2 од ул. „15-ти Корпус“, за кој се одобрени 2.677.646,00 денари;

✔️ Оградување и партерно уредување на Депонија за градежен шут, на локалниот пат „Берово – Абланица-Црвен Брег,“  за кој се одобрени 443.539,00 денари.

Овие проекти, се одобрени од Министерството за локална самоуправа, во рамки на Повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, за 2026 година.

Изразуваме искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа, за поддршката и препознавањето на потребите на нашата општина.

Преку овие инвестиции, продолжуваме посветено да ја унапредуваме инфраструктурата , со побезбедни улици и патишта, поуредени јавни површини, подобра пристапност и поквалитетно секојдневие за сите граѓани

Горе