Одиграно второ коло од Работнички спортски игри, во Берово

Во спортската сала „Македонски Бранители“,  во Берово, синоќа, се одржа второто коло од Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал.

Резултати од второ коло:

  • Фагус и Национални Шуми Пехчево – Приватни Фирми и Угостители 0:3
    Екипата на Приватни фирми и Угостители во второто коло делуваше сигурно и со ефикасна игра успеа да го совлада Фагус и Национални Шуми Пехчево 0:3.
  • Образование – Труд и Социјала 9:5
    Образование ја обезбеди највисоката победа ова коло со  победа од 9:5.
  • АРМ  – Општина Берово и Здраствен дом 3:1
    Во интересен натпревар, АРМ славеа со победа од 3:1.
  • МВР – Роми 3:4 , највозбудливиот натпревар во второто коло  каде Ромите беа поуспешни со 3:4.

Второто коло донесе борбен дух, фер-плеј и голема поддршка од публиката, најавувајќи возбудлива сезона во рамки на РСИ 2026.

Четврток(26.02.2026) на програмата – Трето последно коло по групи

Натпреварите од третото  коло ќе се одиграат четврток со следниот распоред:

  1. 🕡 18:30 ч. – Општина Берово и Здраствен дом – Фагус и Национални шуми
  2. 🕖 19:00 ч. – МВР-Труд и Социјала
  3. 🕢 19:30 ч. – Приватни фирми и Угостители – АРМ
  4. 🕗 20:00 ч. – Образование – Роми

Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да присуствуваат и да ги поддржат своите фаворити во продолжението од Работничките спортски игри во Берово.

Горе