Во врска со објавениот Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), финансирано од Европската унија, а спроведувано од UNDP. Ве информираме дека во наредниот период ќе бидат организирани четири (4) групни менторски сесии, наменети за сите заинтересирани граѓански организации.
Целта на менторските сесии е, преку консултативен процес, да им се обезбеди поддршка на организациите кои планираат да аплицираат на јавниот повик, преку проверка на усогласеноста на проектните предлози со насоките од повикот, како и дополнително појаснување на одредени аспекти кои можеби не биле опфатени со претходните обуки, а се неопходни за целосна и квалитетна подготовка на проектната апликација.
Менторските сесии ќе се одржат на следните датуми, во салата на Советот на Општина Берово , а точното времетраење на секоја сесија ќе зависи од бројот на пријавени организации:
16.02.2026 (понеделник) – Идеја, контекст и структура на проектот ( ЛОТ 1, 2 и 3)- он лајн
19.02.2026 (четврток) – План на активности ( ЛОТ 1, 2, 3 ) и Логичка рамка ( ЛОТ 2, 3 )
24.02.2026 (вторник) – Буџет и поврзаност со активностите ( ЛОТ 1, 2, 3 )
02.03.2026 (понеделник) – Финализација и усогласување ( ЛОТ 1 ,2, 3 )
Со цел поефикасно одржување на сесиите, од организациите се очекува да присуствуваат со веќе подготвени и разработени документи од јавниот повик, како што е наведено погоре.
Граѓанските организации имаат можност да учествуваат на повеќе од една менторска сесија. Заинтересираните организации потребно е да се пријават најмалку два (2) дена пред одржувањето на секоја поединечна сесија, со цел навремено планирање и формирање на групите.
Дополнително, со цел обезбедување еднаков пристап за сите учесници, Ве молиме при пријавувањето да наведете доколку е потребно обезбедување посебни услови за непречена работа.
Пријавувањето за учество на менторските сесии може да го направите кај одговорното лице од Општина Берово, Ѓорѓи Пеовски [email protected]к и [email protected]
