Градоначалникот Ружински оствари средба со пингпонгарите од ППК „Зегин“, со врвни меѓународни успеси

Денеска градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински,  оствари средба со пингпонгарите од ППК „Зегин“, спортисти, кои со својата посветеност, дисциплина и континуирана работа, постигнуваат врвни резултати и се вбројуваат меѓу најдобрите, во светски рамки. Тие достојно ги бранат боите на клубот и на општината, а со својот талент и бројни успеси важат за фаворити, на натпреварувањата на кои настапуваат.

На средбата беа разгледани досегашните успеси на клубот, актуелните предизвици, како и идните планови и амбиции на спортистите.

Градоначалникот им упати искрени честитки за постигнатите резултати и ги охрабри да продолжат со истата посветеност и спортски дух, со уверување дека и во наредниот период ќе донесат успеси и ќе ја промовираат општината, на национално и меѓународно ниво.

Посебно беше истакната улогата на тренерот, кој со својата работа, значајно придонесува за континуираниот развој на пингпонгарите и за успехот на клубот. Во таа насока, тренерот на ППК „Зегин”, упати благодарност, за поддршката до градоначалникот, нагласувајќи дека таа претставува силен мотив и поттик за понатамошни спортски достигнувања.

Општина Берово продолжувада да го поддржува спортот и младите таленти, со цел унапредување на спортската инфраструктура, создавање подобри услови за работа и афирмација на спортските вредности во заедницата.

Горе