Потпишан договор за унапредување на капацитетите на комуналното претпријатие во Берово

Денеска беше официјализирана важна соработка за унапредување на јавните комунални услуги во Општина Берово, преку потпишување на договорот за техничка и финансиска поддршка во рамките на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“.

Градоначалникот Пекевски потприша Договор со Владата на Република Северна Македонија, застапувана од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретаријат за економски прашања .

Потпишувањето на овој договор, претставува значаен чекор напред, во зајакнување на капацитетите на комуналните претпријатија, подобрување на квалитетот на услугите и создавање поотпорни и поефикасни системи за јавно-комунално работење.
Во рамки на проектот се опфатени седум општини: Берово, Куманово, Битола, Радовиш, Струмица, Виница и Кочани,
кои преку оваа поддршка, ќе имаат можност да ги модернизираат своите комунални системи и да обезбедат поквалитетни и одржливи услуги за граѓаните.
Овој проект е уште една потврда за заложбите за партнерство на институциите со меѓународната заедница, за создавање на функционални и отпорни општини, подготвени да одговорат на современите предизвици во комуналниот сектор.
Горе