Потпишан договорот за изградба на првата Мултифункционална сала во склоп на Дом на културата ,,ДИМИТАР БЕРОВСКИ” – ПРОЕКТ НА НОВОТО УРБАНО ЛИЦЕ НА ИСТОКОТ

Како историски момент за културниот развој на Берово, денеска, Градоначалникот Пекевски, го потпиша договорот за изградба на модерна мултифункционална сала – прв ваков објект во општината, кој ќе стане нов центар за културни, едукативни и забавни настани.

Договорот е потпишан со Министерството за култура и туризам, а проектот е одобрен, во рамки на вториот повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти од областа на културата за 2025 година.

Изградбата е предвидена да започне веднаш по спроведување на јавна набавка и се очекува да биде реализиран во рок од 3 години.

Ова е најголемата инвестиција во културата, во Берово и ќе биде отворена за сите – млади, уметници, наставници и граѓани и сите кои сакаат да придонесат во развојот на културата на градот- истакна Градоначалникот на Општина Берово- Звонко Пекевски.

Мултифункционалната сала ќе биде новата душа на нашиот град, простор каде ќе се создава, доживува и негува културата, па наскоро центарот на Берово, ќе го добие своето најмодерно катче.

Со проектот се предвидува изградба на модерен и современ енергестски ефикасен објект, за сценска и културна дејност, за одржување на различни настани, набавка на модерна и современа аудио- визуелна опрема, како и сценска и техничка опрема за филмски проекции, презентации, концерти, конференции, театарски престави и слично.

Од Фондот за техничка документација, во рамки на преокт ,, : Јакнење на општинските капацитети за имплементација
на проекти” финансиран од Шведска, кој го проведува UNDP и Биро за регионален развој, претходно беше обезбедена техничка документација за проектот, што ни овозможи, како општина да бидеме подготвени за Вториот повик на Владата за финансирање на инфрастуктурни проекти. Упатуваме голема благодарност за соработката.


Вредноста на проектот е 115.354 817,00 денари, од Влада на РСМ се одобрени 90.414.225, 00 денари, а во 2025 година предвидена е реализација на 19.680.365,00 денари

Горе