Денеска, на сметките на родителите на беровските ученици, кои годинава се запишаа во прво одделение и во прва година, средно образование, во ОСУ ,,Ацо Русковски”, во Берово, легнаа по 5.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово за 2025 година.
Средствата се дел од Програмата за образование за 2025 година и имаат за цел, да бидат поддршка во семејниот буџет и да се обезбедат потребните работи, пред почетокот на учебната година.
Како поддршка од локалната самоуправа, за покривање на трошоците, за купување на школски прибор и други потребни работи на почетокот на учебната година, исплатени се по 5.000,00 денари, на вкупно 77 ученици, во прва година и 47 ученици во прво одделение , во двете основни училишта во Берово и во с. Русиново.
Се надевам дека исплатените средства ќе бидат добредојдени во престојниот период, за родителите полесно да се справат со своите трошоци, истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
За реализација на оваа активност, преку Програмата за образование, од Буџетот на општина Берово за 2025 година, исплатени се вкупно 385.000,00 денари, за прва година средно образование и 235.000,00 за првачињата од двете основни училишта .
Во нашите приоритети и понатаму останува подобрувањето на условите за учење за учениците, како и враќање на парите назад кај граѓаните.


