Берово добива специјализирано возило со пристапна рампа

На  големо задоволство на жителите на Општина Берово , денеска, ја примивме донацијата специјализирано возило со пристапна рампа, во рамките на Проектот ,,Одржлив инклузивен рамномерен развој” II фаза, од Владата на Швајцарија, преку Центарот за развој на источно планскиот регион.

Возилото е донирано во рамките на проектот за ,,Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица Берово, 4-та ламела” и истото ги исполнува сите важечки прописи на ниво на ЕУ .

Оваа донација, уште еднаш  ја  потврдува ангажираноста на службите во Општина Берово, при децентрализацијата на социјалните услуги, што се рефлектира во пошироки рамки на источниот регион.

Градоначалникот Пекевски упати благодарност до Владата на Швајцарија и Центарот за развој на источно планскиот регион, што не препознаа како сериозни партнери и иницијатори на добри практики и што ни ја пружаат финансиската поддршка, за реализација на овој многу значаен проект, за граѓаните на источниот регион.

Продолжуваме и понатаму да работиме во интерес на сите граѓани на Општина Берово и да бидеме поддршка на ранливите групи граѓани, во нивната мобилност.

Инвестицијата е вредна 1.350.000,00 денари.

Горе