Привршуваат градежните активности за поставување на нова линија на улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро- 3 фаза.
Поставени се вкупно 26 канделабри, во вкупна должина од 750 метри, од кои дел се поставени на патот кој води кон Клепало и дел околу тиристичките капацитети.
Со реализацијата на овој проект, продолжуваме посветено да работиме за развој на туризмот, како стратешка определба на Берово, обезбедуваме нови содржини за рекреативни активности во вечерните часови и ја подобруваме комуналната инфраструктура.
Вредноста на инвестицијате е 2.076.216,00 денари , кои се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за финансирање на инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година.