Во салата „Македонски бранители“ во Берово, вчера, се одржа 2 коло од Работничките спортски игри во мал фудбал, кои ги организира Општина Берово.
Присутните во салата, имаа можност да гледаат навистина прекрасен фудбал и одлични голови, со што се потврдува потребата од вакви спортски настани.
Општина Берово ги организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал, традиционално тринаесета година а нивна цел е спортување, оттргнување од секојдневните обврски и подобрување на соработката помеѓу институциите на локално ниво.
Во ВТОРОТО коло кое се одигра на 17.02.2025 год. (ПОНЕДЕЛНИК) се постигнаа следните резултати на натпреварите:
- 18:00ч. АРСМ ГАРНИЗОН ШТИП– НАЦИОНАЛНИ ШУМИ И ПИЛАНИ 2:3
- 18:30 ч ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СУД–БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА 2:0
- 19:00 ч. ОБРАЗОВАНИЕ- ЖИТО МАЛЕШ 1:1
- 19:30 ч ФАГУС- МВР 0:1
Слободни екипи во ова коло беа екипите на :ОПШТИНА БЕРОВО И ЈПКР И ПРИВАТНИ ФИРМИ
Третото коло ќе се игра во четврток (20.02.2025 година) во 18:00 часот.
Спортски поздрав.