Почетокот на реализацијата на проектите за изградба на Атмосферски канал на ул. ,,23 Август” и Партерно уредување на Градски пазар во Берово, беше поводот, за вчерашната средба со жителите кои живеат во овој дел од Берово.
Притоа претставници од Одделението за урбанизам имаа детална презентација на опфатот на проектите и динамиката на нивна реализација.
Проектите се реализираат во рамките на повикот за финансирање на инфраструктурни проекти на Влада на РСМ, од Потпрограма АА- Инфраструктурни проекти во општините.
Притоа вредноста за проект за Изградба на Атмосферски канал на ул. ,,23 Август”, е 2.848.248,00 денари, а за проектот Партерно уредување на Градски пазар, 2.125.907,00 денари. Рокот за изведба на двата проекта е 31.05.2025 година.
Реализацијата на инфраструктурни проекти е од големо значење за општината и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и ќе има силно влијание врз заштитата на имотите на граѓаните, како и во грижата за обезбедување на чиста и здрава животна средина.
Градиме по приоритет, затоа што Берово ни е на прво место!