Во село Русиново се чествува ликот и делото на македонскиот великан Даме Груев

Во беровско Русиново, денеска се одржа чествување по повод 118 годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев.

Споменот за Даме Груев е вечен, неговиот лик и дело се гордост.

Во чест на 118- годишнината од смртта на Даме Груев,  денеска, беше положено цвеќе, пред неговата биста, а пред присутните, во центарот на село Русиново, беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.

Големиот македонски револуционер Даме Груев,   загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец,  близу  с. Русиново.

Водејќи се од девизата ,,Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација.

Горе