Реконструирани и заштитени спомен обележјата на територијата на Општина Берово

Изминатиот период, нашиот локален уметник, пензиониран наставник по ликовно образование, Борис Качулачки, изврши реконструкција и заштита на спомен обележјата на територијата на Општина Берово.

Извршена е санација на следниве спомен обележја:

 

Спомен обележјето на Атанас Раздолов во Берово

Спомен обележјето на Никола Петров Русински во Берово

Спомен обележјето на Чедомир Димитриев во Берово

Спомен обележјето на Панте Радински во Берово

Спомен обележјето на Леонид Пецовски во Берово

Спомен обележјето на Никола Малешевски во Берово

Спомен обележјето на Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски во  Берово

Спомен обележјето на Јован Козовски во с. Будинарци

Спомен обележјето на Ефтим Папалиски во с.Ратево

Спомен обележјето на Ефтим Крстовски во с. Ратево

 

Сите  споменици и спомен-обележја, на личности кои дале придонес во борбата за  ослободувањето на нашата држава и  учествувале во настаните од минатото,  претставуваат  сведоштво за непокор во борбата за слобода и затоа е многу важно да бидат заштитени и зачувани.

Во знак на придонес, во зачувувањето на културното наследство на Општина Берово на наставникот Борис Качулачки, на 23 август, Денот на Општина Берово, општината му додели Благодарница.

Реконструкцијата е поддржана со Одлука од  Советот на општина Берово  и за истата од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, исплатени се 20.000,00 денари.

Горе