Одобрени проекти од областа на животна средина, по повикот на Влада на РСМ

Врз основа на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа , согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, за Општина Берово, доделени се средства за реализација на капитални проекти од областа на животна средина, за слединве проекти:

 

-Изградба на отворен канал за атмосферска вода на ул. ,,23 Август” -3.574.760,00 денари

– Реконструкција на дел од корито на отворен канал во с. Будинарци – 5.421.722,00 денари.

Вкупно доделени средства за Општина Берово, по објавениот повик, се 29.397.000,00 денари, од кои дел се инфраструктурни проекти од областа на транспортот а дел се за изградба на инфраструктура  за заштита на животната средина. Во вкупната проекција, Општина Берово, ќе учествува со кофинансирање од 2.795.029,00 денари.

 

Ваквата поддршка е од огромно значење за подобрување на инфраструктурата во Берово и населените места и  ќе има силно влијание за заштита на имотите на граѓаните на Општина Берово , што ќе допринесе за почиста и поздрава животна средина.

Горе