Чест и задоволство е да се гледа насапот на нашето културно уметничко друштво ,,Димитар Беровски”, со кое раководи етнокореографот Методи Скендерски, затоа што тие се наши амбасадори, ама настапот дома, секогаш е гордост и уживање.
Вечерва, пред присутните во Берово, ,,Димитар Беровски”, презентираше малешевски фолклор, негувајќи традиционални вредности.
Уживавме во кореографиите и уникатните малешевски носии, кои се карактеристични за нашето поднебје, а кои се исткаени од вредните раце на нашите домаќинки.
Низ прекрасна атмосфера, прекрасните фолклористи ги поздрави публиката со богат аплауз, а настапот срдечно го поздравија и гостите.
Традиционалните Малешевски и Македонски песни и ора, на КУД ,, Димитар Беровски “, долги години, се неизоставен дел од ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ, кои го пренесуваат културното наследство и ја зачувуваат малешевската традиција.
КУД ,, Димитар Беровски “, низ годините наназад, успеаа да го претстават Берово и Малешевијата, во некоа од нивните бројни кореографии, концерти низ светот, со огромен фонд на песни, ора, оригинални носии и сценски адаптации. И токму поради тоа, тие се подвижен музеј на македонската духовна култура, кој го нои епитетот симбол и амбасадор на малешевскиот фолклор .