Нов асфалт добива улица ,,Мирче Ацев”

Во рамки на Програмата за локални улици и патишта за 2024 година, денеска се асфалтира улица ,,Мирче Ацев”.
Се асфалтира крак на улицата, со должина од 160 метри, со широчина 5, 5 метри.
Оваа улица, се наоѓа во централно градско подрачје и со изградбата на истата, се овозможуваат услови за пристап до новопредвидени парцели за комерцијална дејност.
Реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на улици, во Општина Берово, се одвива согласно предвидената програма, а во насока на обезбедување подобра инфраструктура за сите граѓани.
За реконструкција на ул.,,Мирче Ацев”, од Буџетот на Општина Берово, за 2024 година, ќе бидат исплатени 1.909.000,00 денари.
Горе