Ученици од угостителско туристичката струка при ОСУ ,,Ацо Русковски” во посета на средни угостителски училишта во Раденци- Република Словенија и во Забок- Република Хрватска

Ученици од угостителско туристичката струка од ОСУ ,,Ацо Русковски”, од Берово, заедно со делегација од Општина Берово, деновиве се на неколкудневна  посета на средни угостителски училишта во Раденци- Република Словенија и во Забок- Република Хрватска.

Посетата е организирана на иницијатива на Градоначалникот на Општина Берово, со поддршка од нашата збратимена Општина Раденци, а на покана на средната школа за угостителство и туризам во Раденци.

Тие престојуваа во ученичкиот дом, хостел, кој е дел од средното училиште.

Во текот на посетата, учениците имаа прилика да се запознаат со образовниот процес во Република Словенија и  работата на средното училиште.

Во просториите на училиштето, нашите ученици заедно со нивните врсници, од Раденци,  имаа работилница за послужување и готвење, по предходно подготвено мени.

Денеска делегацијата престојува во Забок, Република Хрватска во регионален центар за компетенција, каде што  срдечно се пречекани од страна на директорката Драженка Јурец и градоначалникот на Општина Забок, Иван Ханжек,  како и професорите и учениците.

Преку кратка презентација тие се запознаваа за образовниот систем во Р. Хрватска, разменија добри практики и искуства и разговараа за креирање и реализација на европски проекти.

Образовниот систем и нашите ученици ни е на прво место и секојдневно работиме на унапредување на условите за учење преку размена на идеи и искуства.

Горе