,,Малеш куп” ноќниот турнир во мал фудбал во Берово, центар на спортските случувања во истокот

Во организација на ОФК ,,Малеш” – Берово, трета година по ред, се организира Летниот регионален ноќен турнир во мал фудбал ,,Малеш куп”.

Спортските терени пред комплексот стара гимназија, деновиве се вистински рај за очите и душата и вистински предизвик да се потроши време повеќе,  во духот на спортот и фудбалот, но и да се дружиме, забавуваме, да шириме позитивна енергија и да создадеме спомени за памтење.

Учесници на турнирот се 16 натпреварувачки екипи од Берово, Пехчево, Делчево, Карбинци, Струмица, Штип, Македонска Каменица и Скопје, со што несомнено турнирот се одвива во пошироки рамки од регионот.

Екипите се поделени во четири групи со по четири учесници. Најдобрите две пласирани екипи во групите, продолжуваат да се натпреваруваат во нокаут фазата , односно одат во четвртфинале.

Наградниот фонд изнесува околу 200.000,00 денари, при што, з а најдобрите екипи се обезбедени големи  награди:

1 награда- 100.000,00 денари

2 награда – 50.000,00 денари

3 награда- 30.000,00 денари

4 награда – 5.000,00 денари – односно враќање на котизацијата за учество.

Обезбедени се и награди за најдобар голман, најдобар играч и најдобар стрелец. Награда е обезбедена и за најфер екипа, согласно спортската фер игра по правила и пропозиции.

Генерален покровител на настанот е Општина Берово, а голема поддршка имаме одголем број правни субјекти на територијата на Општина Берово и пошироко.

Денеска 25.07.2024 година, со почеток во 18:30  часот, се играат четвртфиналните натпревари, а веднаш после нив, започнуваат полуфиналните натпревари. Согласно временските услови, за утре 26.07.2024 година ,   планирани се финалните натпревари.

Во турнирот, покрај спортскиот дел, неизоставен дел е и забавата, за која се задолжени ,,CITY PUB” – Берово и Гостилница ГАГО- Берово.

Секоја вечер, на едно место се обединуваат спортисти, новинари, граѓани и љубители на спортот, а младите се  насочени кон здрав начин на живот, без пороци.

Дружењето преку спортот, е животна лекција, која не учи на дисциплина, одговорност, самодоверба, тимска работа и промоција на физичкото, менталното и социјалното здравје.

Турнирот има за цел да ги сплоти на едно место, граѓаните на општина Берово, од најмлад до најстар, а особено младата популација, да се подигне спортсиот дух во градот и пошироко, да се дружиме и забавуваме и секако според вложениот труд и среќата, да се наградуваме.

Горе