Врз основа на Програмата за одржување на јавна чистота на Општина Берово за 2024 година, со бр. 09-4512/1 од 24.11.2023 година и измена на Програмата за одржување на јавна чистота со бр. 09-630/1 од 07.02.2024 година, Општина Берово на ден: 07.02.2024 година објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за ангажирање на едно лице, за извршување на јавни работи/ собирање на ПЕТ отпад на територијата на Општина Берово во рамки на
Програмата за јавна чистота
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица, со ниски квалификации, од територијата на општина Берово, кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата за работно ангажирање, во рамки на програмата за јавна чистота, да се пријават во Општина Берово.
Јавниот повик за работно ангажирање на 1 (едно) невработено лице, за изведување на Јавни работи, од јавен интерес за општина Берово, трае 3 (три) работни денови, од денот на објавување, заклучно со 12.02.2024 година.
За спроведување на предвидените активности, од делокругот на Јавни работи/ јавна чистота (чистење и собирање на ПЕТ отпад на територијата на Општина Берово), предвидени се финансиски средства во износ од 600 денари дневно, по работно ангажирано лице, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест, за 20 работни часови неделно.
Невработеното лице ќе биде работно ангажирано од страна на Општина Берово, а работниот ангажман ќе трае до крајот на 2024 година.
Предност ќе имаат лица од маргинализирани групи.
Заинтресираните лица, Пријави за учество можат да поднесат во Општина Берово во периодот од 07.02.2024 година до 12.02.2024 година, од 07:30 до 15:30 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Берово и избраниот кандидат.
Детални информации можат да се добијат во Општина Берово.
Бр. 08-637/1
07.02.2024
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски