
Проектот им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола на сопствените ресурси, со цел ефикасна испорака на услугите до своите граѓани. УСАИД ги поддржува напорите на земјата во намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста и транспарентноста на локалните власти.