КОНКУРС БР. 01/2023 За доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово

Врз основа на Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово бр. 09-2371/1 од 29.07.2020 година и Програмата за социјална заштита бр.09-4010/1 од 15.11.2022 година  , Општина Берово, на ден 07.09.2023, распишува :

 

КОНКУРС БР. 01/2023

За доделување на месечна стипендија на 10 талентирани ученици во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово

 

Општина Берово во рамки на учебната 2023/2024 година, ќе додели месечна стипендија во износ од 2.000,00 денари, на 10 талентирани ученици во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово, во период од 9 (девет)  месеци (или колку што трае учебната 2023/2024 година) , со цел да се поттикнуваат учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно – образовната работа и слободните активности, да го афирмираат училиштето и општината во државни и меѓународни рамки.

 

 

УСЛОВИ ЗА ДОДЛЕУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Право на стипендија имаат талентирани ученици кои постигнале особени резултати во воспитно образовната работа и слободните активности и го афирмираат училиштето и општината во државни и меѓународни рамки, а кои не користат стипендија од други институции.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

Учениците кои конкурираат за стипендија се должни да достават ПРИЈАВА

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

Со која во прилог ги доставуваат следните документи:

-Уверение за државјанство за ученикот во оригинал или фотокопија заверена на нотар (не постаро од 6 месеци)

-фоткокопија од свидетелства (заверени на нотар) и тоа

  • За завршена прва година во ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово (за учениците од втора година)
  • За завршена прва и втора година во ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово (за учениците од трета година )
  • За завршена прва, втора и трета година во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово (за учениците од четврта година )
  • Потврда од училиштето дека ученикот/чката е запишан/а како редовен ученик во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово во тековната учебна година (оригинал)
  • Потврда за примерно поведение во текот на средното образование (оригинал)
  • Документ кој потврдува учество и освоени награди на индивидуални државни натпревари организирани од акредитирани здруженија, интернационални натпревари и олимпијади (оригинал или фотокопија заверена на нотар).
  • Фотокопија од трансакциска сметка на ученикот/ученичката (доколку ученикот/ чката нема сопствена трансакциска сметка, тогаш доставува фотокопија од трансакциска сметка  на еден од родителите/старателот  и фотокопија од личен документ за идентификација од родителот/старателот на чие име е трансакциската сметка )
  • Изјава потпишана од родител/ старател , дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на општинската веб страна

ПРЕВЗЕМИ ИЗЈАВА

  • Изјава потпишана од родител/ старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на општинската веб страна.

ПРЕВЗЕМИ ИЗЈАВА

  • Изјава потпишана од родител/старател, за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство, објавена на општинската веб страна

ПРЕВЗЕМИ ИЗЈАВА

 

ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

 

Корисникот на стипендија од Општина Берово, ја користи стипендијата врз основа на склучен договор со Општина Берово, со кој подетално ќе се уредат меѓусебните права и обврски, помеѓу давателот и корисникот на стипендија.

 

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Документите да се достават во хартиена форма, директно на Архива на Општина Берово или по пошта со назнака во горниот лев агол на пликото, Пријава на Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици, запишани во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово, на адреса: Општина Берово, ул. ,,Димитар Влахов” бр. 10 , Берово.

Рокот на пријавување на кандидатите за користење на општинска стипендија, е најдоцна до 22.09.2023.

Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат и бодуваат.

За информации за условите и критериумите, под кои ќе се доделуваат стипендиите, сите заинтересирани, можат да се обратат до Одделението за јавни дејности при Општина Берово.

Конкурсот ќе биде објавен на :

  • На веб страната на Општина Берово и социјалните мрежи на Општина Берово
  • На огласна табла во Општина Берово
  • На огласна табла во ОСУ ,,Ацо Русковски”- Берово

Лица за контакт:

 

  • Биљана Марковска 078/308-812
  • Биљана Каламадевска 071/580-899

 

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе