Со пресврт во второто полувреме, екипата на Труд и социјала и Суд останува најефективниот непоразен тим во третото коло на Работничките спортски игри во мал фудбал, кои ги организира Општина Берово.
Беа одиграни интересни натпревари, а секако како и претходните вечери салата „Македонски бранители“ во Берово беше преполна.
Еве ги и резултатите на натпреварите од трето коло :
18:00ч. Роми – Национални шуми и пилани (0:2)
18:30 ч. МВР Полиција – Приватни фирми (1:0)
19:00 ч. Фагус-Угостители (1:0)
19:30 ч. Здравен Дом Берово – АРСМ Гарнизон Штип (1:8)
20:00 ч. Труд и социјала и Суд – Општина Берово (2:1)
Слободна во трето коло беше екипата на Образование.
Четвртото коло се игра денеска, 09.03.2023 год (четврток) со следниве натпревари:
- 18:00ч. Национални шуми и пилани – Општина Берово
- 18:30 ч. Приватни фирми – Здравен Дом Берово
- 19:00 ч. Угостители – Труд и социјала и Суд
- 19:30 ч. Образование – МВР
- 20:00 ч. Роми- Фагус
Слободна во ова коло е екипата на АРСМ .