Општина Берово додели спортска опрема на фудбалерите од ФК ,,Малеш”

За потребите на фудбалскиот клуб ,,Малеш”, во знак на подобрување на условите за спорт и рекреација, како дополнителна мотивација на младите лица и поттикнување да спортуваат, денеска, Општина Берово додели спортска опрема, на фудбалерите од фудбалскиот клуб ,,Малеш”.
Опремата се состои од : 90 пара спортски обувки, 80 парчиња тренерки и 96 парчиња спортски дресови комплет, а доделена е со одлука од страна на Советот на општина Берово.
Наша цел е остварување на квалитетни спортски резултати и мотивација на младите фудбалери да вложуваат во себе, да постигнуваат поголеми резултати и да ја афирмираат општината.
Продолжуваме и понатаму со продлабочување на соработката и вложување во спортот, зошто само така наштите професионални спортисти, ќе донесат успех за Берово.
Во периодот што следи, спортска опрема ќе биде доделена и на други активни здруженија, а исто така ќе продолжиме и со финансиска поддршка.
Вложувањето во спортот е вложување во здравјето!
Горе