Младинска екипа од Берово, предводена од Претседателот на фудбалскиот клуб ,,Малеш”, Новица Печински, учествува на ,,Пријателски фудбалски турнир” во Банско, Република Бугарија.
На турнирот учествуваат 100 млади луѓе, 50 од Бугарија и 50 од Република Северна Македонија на возраст од 12-14 години.
Дводневниот настан се реализира на иницијатива и со финансирање на д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата ,,Бугарска памет”, при што на сите учесници им се покриени трошоците за превоз , сместувањето и храна.
Им посакуваме одлична игра и многу успех.
Спортот продолжува да обединува и да создава нови пријателства!