ЈАВЕН ПОВИК за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово

Врз основа на член 6 од Правилникот за награди и откуп на фотографии–фото предизвик за млади со мотиви од  пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово, со број 09-4089/1 од 30.11.2021 година („Службен гласник на Општина Берово“ бр.3/2021 од 01.12.2021 година), a во согласност со Г2 Програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Берово за 2021 година со бр.09-4042/1 од 15.12.2020 година, Комисија за спроведување на наградниот конкурс во Општина Берово објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од  пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово

1.Опис на јавниот повик

I

Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од пејсажи, активен туризам во делот на планинарење, велосипедизам, и други активности во природа како и културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини и туристички локалитети од Општина Берово како туристичка дестинација, со цел зголемување на туристичката понуда  во согласност со Г2 – Програмата за поттикнување и развој на туризмот на општина Берово за 2021 година.

Општина Берово согласно програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2021 година има определно средства за наградниот фонд „фото предизвик за млади“ за три награди и тоа за прво место 30.000 денари, второ место 20.000 денари и трето место 15.000 денари за најдобро креиран промотивен материјал-фотографии за туристичка промоција на општина Берово од буџетската сметка.

  1. Право на учество на јавниот повик

 

II

 

На јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани млади лица од 18 до 32 години кои се жители на општина Берово, кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик и  Правилникот за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од  пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово.

3.Услови што треба да ги исполни барателот

 III

Наградата и откупот ќе се реализира со:

  • Откуп на фотографии со мотиви од пејсажи, активен туризам во делот на планинарење, велосипедизам, и други активности во природа како и културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини и туристички локалитети од Општина Берово како туристичка дестинација кои досега не се воопшто користени за други промотивни цели.
  • Минималниот број на доставени фотографии е 20, а предност ќе биде и доставено видео во траење од 1 до 3 минути
  • Средствата за награда и откуп на фотографии со мотиви од пејсажи, активен туризам во делот на планинарење, велосипедизам, и други активности во природа како и културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини и туристички локалитети од Општина Берово ќе се изврши врз основа на евалуацијата на исполнување на следнава спецификација и критериуми:
СПЕЦИФИКАЦИЈА
Сите зелени површини и паркови, водени површини, реки и слично (до 10 фотографии)
Градот Берово, населените места во општина Берово како и туристичките населби во општината (до 10 фотографии)
Културно историски споменици (до 10 фотографии) – традиции, фолклор и манифестации
Планински пејсажи (до 10 фотографии) во четири годишни времиња
Активен туризам (до 15 фотографии) – велосипедизам, кајакарство, кампинг, набљудувањe во природа, зимски активности, екстремни спортови и други надворешни активности

 

КРИТЕРИУМИ
Фотографиите треба да бидат доставени во дигитална форма JPEG помеѓу 1-5 mb
Фотографиите не треба да бидат постари од 1 година
Фотографиите не треба предходно да бидат објавувани во печатени медиуми ( весници, каталози и списанија) или да учествувале на други конкурси
Фотографии кои ќе содржат познати локалитети, локални знаменитости, локални занаети, ракотворби, сувенири, традиционална храна како и туристички атракции.

 

  • Предност ќе имаат пријавите кои покрај наведените спецификации и кретириуми за фотографии ќе достават и видео за туристичка промоција на Општина Берово во траење од 1 до 3 минути во соодветен формат
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

 

IV

Потребните документи за пријавување да бидат доставени во затворен плик каде што во горната лева страна ќе биде означено НЕ ОТВАРАЈ, додека пријавата да биде прикаченa на самиот плик на кој ќе може да се направи прием во архивата на Општина Берово, а доколку пријавата се доставува по пошта истата да биде доставена со доказ (повратница) на ул: Димитар Влахов бр. 10, 2330 Берово. На пликот треба да е наведено: ”Јавен повик- фото предизвик за млади”.

Апликантите треба да ги достават следните документи:

  1. Пријава во 2 (два) примероци за пријавување на конкурсот кое содржи име и презиме, конткат адреса, телофон и е-маил адреса со назив на пријавата: ЗА НАГРАДА И ОТКУП НА ФОТОГРАФИИ-ФОТО ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ.
  2. Фотокопија од лична карта и транскциска сметка;
  3. Фотографиите да се достават во оргинален формат, во дигитален JPEG формат, со резолуција помеѓу 1 и 5 mb електронски на ЦД или во принт (фотохартија).
  4. Електронскотo портфолио (ЦД) кое ќе содржи најмалку 20 фотографии со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово согласно спецификациjата.
  5. Изјава согласно член 9 од Правилник бр.09-4089/1 од 30.11.2021 година

Пријавата на Јавниот повик-награден фото предизвик за млади, заедно со потребната документација се поднесуваат до Комисијата во архивата на Општина Берово на ул. Димитар Влахов  бр.10 Берово, за време траењето на повикот од 7.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

V

Постапката за откупување на фотографиите со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово ја спроведува комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово.

Комисија за спроведување на наградниот конкурс, е составена од претседател и 4 члена со нивни заменици со следните надлежности:

  • Комисијата го објавува јавниот повик;
  • Комисијата ги прибира, отвара, разгледува и евалуира пријавите;
  • Комисијата е должна да состави записник од отварањето на пријавите, записник од евалуирањето и извештај за постапката со предлог за избор на квалификуваните пријави со ранг листа.

По донесеното решение за избор, добитниците во рок од 10 дена треба да достават:

  • Фотографии кои се понудени во пријавата во дигитална TIFF форма во висока резолуција од 300 DPI (со резолуција за печатење на постери од 20 до 100 mb) со големина за хоризонтална форма – ширина 5000 пиксели и висина 3000 пиксели, а за вертикална форма – ширина 3000 пиксели и висина 5000 пиксели.
  • Фотографиите треба да бидат со наведена локација и трицифрен број во формат (на пример xxxx 001)
  • Понудувачот е должен фотографиите да ги достави целосно артистички и графички обработени.
  • Фотографиите кои ќе содржат модели (личности) треба да се доставени со договор за согласност од личноста која е фотографирана, доколку се работи за фотографии со малолетни лица задолжително и доказ за согласност од родител или старател. По предавањето на фотографиите Општина Берово нема обврска за плаќање на било каков надоместок на личноста која е фотографирана.

Согласно решението за избор, Градоначалникот потпишува договор со кој ќе се регулираат меѓусебните права и обврски со важечките прописи и позитивните законски одредби.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

VI

Решението за рангирање на пријавите го донесува Градоначалникот, врз основа на извештајот од страна на Комисијата.

Апликантите кои нема да бидат избрани на повикот ќе бидат известени во рок од 15 дена од конечниот избор. Со објавувањето на резултатите општината нема обврска да ги врати фотографиите на апликантите, освен  по поднесени барања од нивна страна.

Рокот за поднесување на апликацијата е до 11.01.2022 година,а пријавата на јавниот повик поднесителите можат да ја најдат на официјалната веб страна на Општина Берово www.berovo.gov.mk.

ПРИЈАВА за откуп на фотографии

ИЗЈАВА за откуп на фотографии

 

Комисија за спроведување на наградниот конкурс

Горе