41 Седница на Совет на Општина Берово, во моментот се одржува on line

Заради заштита и превенција од КОВИД 19, продолжетокот на 41 Седница на Совет на Општина Берово, денеска се одржува on line на zoom платформата.
На дневен ред, пред советниците, на разгледување се следниве точки:
1. Предлог Одлука за дополнување на Деловникот на Советот на Општина Берово;
2. В 2 образец за развојна програма „Заштита на жителите од една планина долж две реки“;
3. В 2 образец за развојна програма „Волонтери преку граница“;
4. Измени и дополнување на Буџетот на Општина Берово за 2020 година;
5. K1 – Квартален извештај за извршувањето на буџетот на Општината за трет квартал од 2020 година;
6. K2 – Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општината за трет квартал од 2020 година;
7. K3 – Квартален извештај за задолжување на Општината за трет квартал од 2020 година;
8. Предлог Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;
9. Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и младински активизам на Општина Берово;
10. Предлог О Д Л У К А за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата од програмата Н1-Основно образование по училиштата во Општина Берово;
11. Предлог О Д Л У К А за давање на трајно користење без надомест на движни ствари -информатичка опрема на ОСУ„Ацо Русковски“ – Берово;
12. Предлог О Д Л У К А за прифаќање на донација – IT опрема од ЗЕГИН ДОО Скопје;
13. Годишен Извештај за работата за 2019/2020 година на ОЈУЗД – Детска градинка „23 Август“ – Берово;
14. Годишена Програма за работата за 2020/2021 година на ОЈУЗД – Детска градинка „23 Август“ – Берово;
15. Правилник за Измена и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во ОЈУДГ „23 Август“;
16. Измена на Годишен план за вработување за 2020 година на ОЈУДГ „23 Август“ Берово;
17. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за разрешување и именување на член на Совет за јавно здравје на подрачјето на Општина Берово;
18. Предлог Р Е Ш Е Н И Е за формирање на Комисија за изготвување на Програма за работа на Советот на Општина Берово за 2021 година;
19. Предлог О Д Л У К А за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистичко планска документација за Туристички комплекс на КП 7757, КО Берово;
20. Предлог О Д Л У К А за отпочнување на постапката за „Измена и дополнување на УПВНМ за туристичка населба Беровско езеро“ на дел од Урбан Блок 2, Општина Берово;
21. Усвојување на Записник од 38-та Седница на Совет;
22. Усвојување на Записник од 39-та Седница на Совет;
23. Усвојување на Записник од 40-та Седница на Совет (не одржана);
24. Советнички иницијативи и прашања;
25. Барања од институции и граѓани.
Горе