20.000,00 денари за Андреј Бубевски по јавниот повик – фото предизвик за млади

Андреј Бубевски е младинец од Берово, кој доби награда од 20.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, по  јавниот повик  за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади,  со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово.

Денеска во салата на Општина Берово, во присуство на претседателот на Совет на Општина Берово, авторот Бубевски и градоначалникот на Општина Берово, потпишаа договор, со кој се регулираат меѓусебните права и обврски со важечките прописи и позитивните законски одредби и со кој на Бубевски ќе му бидат исплатени 20.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово .

Како што истакна градоначалникот на Општина Берово, целта на овој јавен повик е да ги мотивира младите лица од Берово, да ја истакнуваат својата креативност, да сликаатт мотиви од пејсажи, активен туризам во делот на планинарење, велосипедизам, и други активности во природа како и културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини и туристички локалитети од Општина Берово, како туристичка дестинација, со цел зголемување на туристичката понуда  и успешна промоција на Берово,  како туристичка дестинација.

На младите им препорачувам да бидат активни чинители во општеството и секогаш да го даваат најдоброто од себе за општината и да ја истакнуваат својата креативност. Благодарност до Општина Берово, што ми ја додели оваа награда и што општината ги поттикнува младите да творат. Се надевам дека повикот ќе продолжи и во иднина и дека и други млади лица ќе можат да учествуваат и да бидат наградени. Воедно ги охрабрувам сите млади лица, да создаваат фотографии со мотиви од Берово, зошто само така ќе придонесеме како за градот, така и во развојот на туризмот- истакна Андреј Бубевски, кој беше единствениот учесник на овогодинешниот конкурс.

Андреј Бубевски е млад ентузијаст, кој што подолго време создава фотографии со мотиви од Берово и веќе подолго време се бави со професионална фотографија, па така заслужено ја доби наградата, по објавениот јавен повик.

Повикот се реализира согласно програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2021 година, каде што има определно средства за наградниот фонд „фото предизвик за млади“, за најдобро креиран промотивен материјал-фотографии за туристичка промоција на општина Берово,

од буџетската сметка.

Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица, да создаваат слики од Берово и ги охрабруваме да се пријавувааат на повикот, кој секоја година ќе се објавува, со цел да градиме успешна туристичка приказна за Берово, силно зачувувајќи ги сите прекрасни мотиви со кои изобилуваат и Берово и Малешевијата.

Горе