ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО БЕРОВО, ПЕТОК 9 – ти мај

Општина Берово, МЕН ЕНД МАУНТЕН, ЗЕЛС, Пивара Скопје, Нула отпад и ПАКОМАК, преку заедничко партнерство организираат голема еколошка акција, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во БЕРОВО, ПЕТОК 9-ти мај 2025 година, на следниве локации.

Во акцијата ќе се вклучат и волонтери на Црвен крст на Македонија.

Големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, е поддржана од општествено одговорни компании: LIFE Sparkasse, EVN – Македонија, Мак Стил, Бучим, Saubermacher БИ Милк и Костал.

Ќе се чисти на повеќе локации на територија на Општина Берово.

Излези и ти, вклучи се во големата акција и собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!

Целта е да се собере што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. За секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство заедно со Национални шуми ќе посади по 1 дрво во рамките на нивните годишни програми за пошумување.

Колку повеќе отпад ќе собереме, толку повеќе дрвја ќе бидат засадени.

Во акцијата ќе се вклучат и училишта и институциите на локално ниво.

Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, институции и општествено одговорни компании, да се вклучат во големата акција и да допринесат за почисто наше Берово.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025, е една од активностите кои ги спроведуваме, за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

Исто така, сакаме да ве известиме дека, нашиот официјален партнер НУЛА ОТПАД иницира одлична акција наречена „ELECTRO GENERALKA 25“!

Почнувајќи од 9-ти Мај па се до 13 мај 2025 година се спроведува посебна акција наречена „ELECTRO GENERALKA 25“.

За таа цел на локација во близна на Дом за стари лица „Иван Влашки“ – Берово, е поставен контејнер за собирање на електриче и електорнски отпад како на пример: стари печатачи, компјутери, факс-машини, телевизори, телефони, видеорекордери, фрижидери, машини за перење, компресори итн… се што е во вашето складиште или подрум и со години не е во употреба, може да го оставите во контејнерот каде што ќе биде бесплатно превземено.

Ослободете го вашиот простор и доставете го електро отпадот во контејнерот!

Целта на таквата акција, е правилно третирање на вашиот електронски отпад – рециклирање наместо одложување на отпадот.

 

Со почит ,

Општина Берово и ЈПКР „Услуга“ Берово

Горе