Четвртоодделенците од ООУ ,,Никола Петров Русински”, во посета на Општина Берово

Денеска, наши драги гости, беа, четвртоодделенците од ООУ ,,Никола Петров Русински” , кои дојдоа, во работна посета на општината, во рамките на наставата по предметот ,,Историја и општество”.
Тие одблизу и преку директна комуникација, се запознаа со начинот на функционирање на локалната самоуправа и надлежностите на општината.
Одговарајќи на нивните прашања, тие се  информираа  за работата на општината, во која на непосреден начин, се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, преку реконструкција и асфалтирање на локалните улици и патишта, тротоари, уредувањето на зелените површини, грижа за животната средина, противпожарна заштита, образование, култура, социјална заштита и други.
Учениците имаа прилика да слушнат и видат како функционира една општина, како изгледаат кабинетите на Градоначалникот и Советот на Општина Берово, што како наставна содржина го изучуваат по предметот ,, Историја и Општество’’.
Учениците покажаа голем интерес за работата на општината и поставуваа различни прашања.
Горе