Насловна Историја Историја на регионот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Историја на регионот

Историја на Регионот

Регионот Малеш бил заселен уште од праисториски времиња, за кое што сведочат и остатоците од населби и могилите. Големиот број регистрирани археолошки локалитети речиси не се изтражувани така да не може со сигурност да се каже од кое време се. Со теренско изтражување се соберени наоди, кои што даваат можност за относителна хронологија. Според народното предание името Малешево е од илирско потекло и доаѓа од зборовите mal – планина и malesi – планинска месност. Некои од научниците сметаат дека топонимите Малеш, Малешево, т. е. Малесево доаѓаат од старословенските зборови - мал лес, што значи мала шума, мала планина.

Во 4 век Малешево е во составот на државата на Филип и Александар Македонски. По разпаѓањето на нивната империја, Македонија како и Малешево влегува во составот на римската провинција Македонија. Во 6 и 7 век на територијата на Малешево се заселуваат словени. На територијата на Малешево Константин Филосов ја составил азбуката кирилица. Со разпаѓањето на Македонското Самуилово Царство Малешево паѓа под византиска власт. Името Малешево за првпат во пишуваните извори е спомнато во грамотата на византискиот император Василиј II од 20. 05. 1920 г. во која зборува за бројот и составот на епархиите на Охридската архиепископија. Сто години подоцна Малешево се спомнува од страна на арабскиот патеписец Идриси. Некои научници, како Гае Цер сметаат, дека во 9 век епископијата од Морозвизд (Мородвис) била пренесена во Малешево, град кој што се наоѓал по горното течение на р. Брегалница, во прегратките на столетните букови и борови шуми, во чиј што состав според грамотата на Василий II се Малешево и Пијанец.

Малешево од 1334 г. влегува во составот на срдновековната српска држава, потоа е во составот на феодот на Константин Дејан и се претпоставува дека во 1394 година градот Малеш бил разрушен од турците

По Балканските и Првата Светска Војна Малешево влегува во составот на Кралството СХС.

Денес Малешево како географски термин обфаќа површина од околу 80.560 м² и опфаќа две општини – Берово (град Берово и селата Русиново, Владимирово, Ратево, Двориште, Смојмирово, Мачево, Будинарци и Митрашинци) и Пехчево.

 

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии