Берово и околината туристички предизвик
Насловна Туризам Туризам Берово и околината туристички предизвик

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

 

Берово и околината туристички предизвик

Она што Берово го нуди спој на природни убавини, култура и традиција, предизвици на кој ретко кој може да им одолее.

Културно-историското наследство и природните убавини се нераскинлива целина која мора да ја истражите за да навлезете во духот на традицијата и потеклото зошто тие се основа на постоењето на секое битие. Во Општина Берово се уште се негуваат дел од традиционалните настани, како потсетување на културните вредности што треба да ги предадеме на следните генерации.

Природните убавинина Берово ќе ви ја вратат физичката сила, а црквите и манастирите кои можете да ги посетите ќе ви помогнат да најдете душевен мир и спокојство.

За љубителите на спортските активности и современиот динамичен човек кој има потреба од движење, како и за надополнување на туристичката понуда, во Берово и околината се нудат бројни содржини. На територијата на Општина Берово има маркирано пет пешачки патеки. Дел од пешачките патеки може да се искористат и за велосипедизам.

DSC00198
DSC00198
IMG_6950
Picture_plostad_17.09.2008_195
septemvri

Својот комфорт можете да го најдете во рамки на  трите туристички населби : Беровско Езеро, Абланица и Суви Лаки,  со прекрасни предели за прошетка, спорт и рекреација, за излет со добро друштво или собирање шумски плодови и чаеви кои ги има во изобилство. Можете да бидете сместени во преубавите викендици или во хотелите во традиционален стил во кои ќе можете да поминете прекрасни и незаборавни моменти.

Може да наидете  на бачила односно планински колиби каде што на традиционален начин се одгледуваат овци и изворно да ја видите подготовката на надалеку познатото Малешевско сирење.

Ако ви е здодеана бучавата, загадениот воздух, ако сакате чиста животна средина далеку од фабричките оџаци, дојдете и земете дел од нашиот неисцрпен мир и спокој, бидете дел од екотуризмот.

www.visitberovo.com.mk

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии