Насловна Актуелно Вести Потпишан договорот за имплементација на проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит"

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Потпишан договорот за имплементација на проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит"

За 60 возрасни и изнемоштени лица од Берово и населените места, обезбедуваме секојдневна грижа и нега во домашни услови, помош при чистење, готвење, хранење и купување на намирници.

Општина Берово е во првите 8 општини, кои воведуваат нов начин, широк спектар на воспоставување на социјални услуги. и доближување на институциите до граѓаните.

Денеска, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, како носител на проектот и Директорот на ОЈУСЗСЛ,,др. Иван Влашки", Живка Бојчовска Каламадевска, како давател на услугата, потпишаа договор за соработка со МТСП, со што започнува имплементација на проект ,,Возврати со љубов грижа и почит", за старите лица.

 

Се работи за проект, преку кој на 60 возрасни изнемоштени лица од Берово и населените места, на кои семејставата им се исселени од Берово, живеат сами, без секојдневна грижа, живеат во лоши услови и кај кои постои отсуство на редовни лекарски прегледи, ќе им биде пружана помош и поддршка во извршување на секојдневните активности.

Основна цел на проектот е подобрување на квалитетот на живот на старите луѓе, во руралните средини на територијата на општина Берово, преку обезбедување на социјални услуги- помош и нега на стари лица во домашни услови, како и овозможување достапни услуги за корисниците во нивното место на живеење.

До конечната апликација и подготовката на проектот, претходеа анализата на службите од Одделението за јавни дејности и преставниците од Меѓупштински центар за социјална работа Берово, во руралните средини и мапирањето на голем број стари лица, кои живеат сами и на кои им е неопходна нега од други лица.

Со ова уште еднаш ја потврдуваме ангажираноста на општината, во унапредување на социјалните услуги и покажуваме грижа за сите, посебно за оние кои цел живот работеле за нас, па сега општеството треба да им врати.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии