Насловна Актуелно Вести ОФК Малеш, се враќа на старите фудбалски патеки

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

ОФК Малеш, се враќа на старите фудбалски патеки

ОФК Малеш,  се враќа на старите фудбалски патеки, подготвен за нови успеси на фудбалската сцена.

Неизвесниот почеток и пролонгирањето на стартот на новата сезона, во трета фудбалска лига, дозволија простор, од скоро 3 месеци, за припреми на фудбалерите на ОФК Малеш.

Припремите се започнати во јули, а сезоната започна на 11 октомври.

Во меѓувреме, тренерот Дамјан Аврамски, го калеше костурот на екипата, а воедно и стручниот штаб, предводен од Претседателот Новица Печински, имаа доволно време да ги организираат тренинзите, да ја набават потребната опрема за натпреварите и да  организираат одигрување на седум пријателски контролни натпревари.

Со почетокот на сезоната, екипата на ОФК Малеш,  се врати на старите фудбалски патеки и ја продолжува традицијата стара 100 години.

Од последните четири натпревари, играчите забележаа 3 победи и еден пораз.

Моментално ОФК Малеш се наоѓа на 3-то место на табелата, од вкупно 12 екипи, со само 3 бодови заостанување од лидерот на табелата Чешиново.

Сето тоа немаше да биде реалност, ако клубот немаше помош од општина Берово и од Градоначалникот Звонко Пекевски, кој според Програмата за спорт,  ги исплати сите средства, што се потребни за натпреварувачката полусезона.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии