Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски во посета на образовните установи

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот Пекевски во посета на образовните установи

 

Во рамките на своите програмски активности, Градоначалникот Пекевски, денеска ги посети образовните установи на територијата на општина Берово.

Беа посетени ООУ.,,Никола Петров Русински , ОСУ.,,Ацо Русковски, ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски и ОЈУДГ „23 Август“.

 

Во рамките на посетата беше разговарано за почетокот на учебната година, којашто поради пандемијата со Ковид – 19 започна еден месец подоцна и во специфични услови, за начинот на кој се одвива наставата, за инвестиции во тек, потребата од кадри и за тековни проблеми и прашања.

Градоначалникот Пекевски потенцираше дека во основните и средното училиште во општина Берово, се превземени потребните мерки и активности предвидени со донесените протоколи за работа, за почеток на учебната година а протоколот за заштита од КОВИД 19, успешно се спроведува и во детската градинка, благодарение на што до овој момент, нема заболени лица.

Инаку согласност за физичко присуство до деветто одделение, имаат сите подрачни училишта на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски, освен основното училиште во с. Двориште, кои има согласност за физичко присуство до петто одделение, во училиштето во Берово и во с. Русиново, се спроведува настава со физичко присуство до трето одделение а во ОСУ,,Ацо Русковски во Берово, се спроведува целосно on line настава.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии