Насловна Актуелно Вести По повод светската недела на детето, Градоначалникот Пекевски ги посети децата од детската градинка во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

По повод светската недела на детето, Градоначалникот Пекевски ги посети децата од детската градинка во Берово

На детската радост и нема крај. Многу весели детски лица, од детската градинка ,,23 Август” во Берово, на градскиот Кеј, денеска го пречекаа Градоначалникот, кој во рамките не одбележување на недела на детето, денеска ги посети.

Со многу насмевки на лицата и безгрижен детски жагор, децата, истакнаа што знаат и умеат, пееја песнички и срдечно го поздравија Градоначалникот, низ една пријатна атмосфера, исполнета со многу радост.

Дека децата имаат право и обврски, ни истакнаа низ неколкуте интерпретации кои ги подготвија заедно со своите воспитувачки, посакувајќи од Градоначалникот да добијат нова лизгалка, клацкалка, нов топган и различни други детски реквизити.

Децата се најбитната алка во синџирот на општеството и ќе направиме се тие да бидат среќни. Наредната година ќе предвидиме во програмите и детските реквизити во дворот на детската градинка ќе бидат обновени, истакна Градоначалникот Пекевски, посакувајќи им на децата среќно и безгрижно детство и исполнување на сите нивни желби.

Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата, а целта е да се промовираат правата, кои детето треба да ги ужива во неговиот раст и развој, како и потребната заштита која треба да му биде обезбедена од страна на државата и инстутициите за овозможување среќно и безгрижно детство.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии