Насловна Актуелно Вести Предпразнично обраќање на Градоначалникот Пекевски, со апел за велигденскиите празници граѓаните да останат дома

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Предпразнично обраќање на Градоначалникот Пекевски, со апел за велигденскиите празници граѓаните да останат дома

Почитувани сограѓани,

Во деновите кои доаѓаат, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден и во пресрет на најдолгиот карантин, или период во кој ќе мора да останеме дома,  Ве повикувам доследно да ги почитувате мерките за борба против вирусот КОВИД-19 и препораките што ги даваат нашите експерти, како и да се придржувате, кон сите мерки, донесени од Владата на РСМ и од Општинскиот кризен штаб.

 

Во оваа мое предпразнично обраќање, сакам најпрво  да Ви го посакам, Велигден да го поминете во добро здравје, среќа и љубов на сите Вас, заедно со вашите најблиски, во кругот на вашите семејства.

Оваа година, се наоѓаме во сериозна и необична ситуација, а за да излеземе од неа како победници мора да бидеме дисциплинирани и одговорни и затоа  Велигден да го поминеме дома, заедно со најблиските. Во сечии дом, нека владее семејна хармонија и да го прославиме најголемиот христијански празник, во кругот на семејството.

За првпат, оваа година, Велигден го пречекуваме во поинакви, вонредни услови. Сите обичаи верувам се завршени, јајцата и намирниците купени, домот исчистен. Оваа година можеби нема да можеме да ги направиме обичаите во црква, но мерките се такви и мора да ги почитуваме. Сепак, духот на самите обичаи, останува,  бидејќи  тие се вкоренети и издржливи. Сите семејни обреди можеме да ги направиме дома, во рамките на најтесното семејство.

Од МПЦ веќе порачаа дека, на големиот празник, би било убаво, верниците да запалат свеќа на балконите и на полноќ да го одбележат Христовото воскреснување.Тоа е убава можност, во  општина Берово, за прв пат, Велигден да го одбележиме на овој начин, со прекрасна глетка и чувство на заедништво и покрај дистанцирањето и големата закана, по колективното здравје.

Затоа, верниците треба да останат дома, а сигурен сум дека веќе од следната година, славењето ќе се врати во верските храмови и Берово ќе блесне, како што блеска за сите празници.

Како Градоначалник на општина Берово и претседател на општинскиот кризен штаб, за борба против пандемијата со КОВИД-19, ве уверувам дека, локалната самоуправа и сите вклучени институции, посветено ги превземаат сите мерки, кои се потребни, за спречување на пренесување на вирусот на територија на општина Берово и навистина ме радува фактот што во општината, сеуште нема регистриран случај, заболен од корона вирусот.

Сите мерки, донесени од републичкиот кризен штаб, од Владата и локалните кризни штабови, се со цел на зачувување на јавното здравје. Обврската кој јавното здравје и спречување на можност за пренесување на вирусот, е еднаква за секој граѓанин и верувам дека сите до еден, ќе ја исполнат, на вистинскиот начин.

Во животот,  на посебно место ги славиме хероите. Херојски денес, е да се придржуваме кон мерките и да останеме дома, бидејќи со тоа го чуваме јавното здравје и буквално спасуваме животи, нашиот, на тие што ги сакаме, на семејството, на блиските, на сите нас.

Сите информации, за сите важечки мерки, за сите дежурни институции, аптеки и продавници, ги имате на веб страната на општината и сите официјални профили на социјалните мрежи.

Уште еднаш, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, ви посакувам убаво да го поминете празникот,  со апел и потенцирање дека мерките мора да се почитуваат.

Останете во Ваштите домови и зачувајте го Вашето и нашето здравје.

Поминете ги празниците во добро здравје и со позитивна мисла!

Звонко Пекевски

Градоначалник на Општина Берово

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии