Насловна Актуелно Вести Откажани се сместувањата во сместувачките капацитети во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Откажани се сместувањата во сместувачките капацитети во Берово

По препорака на координативниот кризен штаб и соработка со  сопствениците на приватните сместувачки капацитети, престојниот викенд за велигденските празници, откажани се сите нови комерцијални сместувања, па сопствениците нема да сместуваат нови туристи во своите објекти.

Ова денеска беше заклучено, прво на состанокот на општинскиот кризен штаб во Берово, а потоа на истото, согласност дадоа и сопствениците на викендиците во туристичките населби, кои со цел да си го зачуваме јавното здравје, љубезно и едногласно се согласија, да се откажат од заработувачката за велигденските празници.

 

Туристите кои се сместени во своите приватни викенд куќи, или оние кои се во издавачките капацитети од претходно,  не смеат да ја напуштаат туристичката населба во која се сместени, од 16:00 часот во четврток  16.04.2020 година,  до 05:00 часот, вторник  21.04.2020 година.

Ќе се изврши дезинфекција низ туристичките населби, низ јавните површини и пешачката патека на браната, во текот на утрешниот или наредниот ден, кога тоа ќе го дозволат временските услови.

Ќе се вршат редовни контроли низ локалните економски оператори, со цел да се увиди  дали се почитуваат насоките и препораките од Владата.

Општина Берово и Градоначалникот Пекевски,  упатуваат јавна благодарност до сите  сопственици на викенд куќите,   кои се откажаа од комерцијалните сместувања, во интерес на јавното здравје, во време на пандемија од КОВИД 19.

Доколку доследно се  испочитуваат договорените препораки, ќе покажеме дека јавното здравје е заедничка одговорност и дека меѓусебната соработка во Берово,  е на високо ниво.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии