Насловна Актуелно Вести Ј А В Е Н П О В И К за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Ј А В Е Н П О В И К за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Врз основа на член 5 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги Бр.09-4518/1 од 19.12.2019 година и член 5 став 2 од Правилникот за спроведување постапка за субвенционирање на трошоци за комунални услуги Бр.09-4519/1 од 19.12.2019 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува:

Ј А В Е Н П О В И К за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

 

1.Опис на јавниот повик

Општина Берово ќе врши обезбедување на остварување на социјалната заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на општина Берово за 2020 година , во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Cубвенцијата се состои од:

- Покривање на трошоците за потрошени максимум 10м3 вода за пиење за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата, во период од 12 месеци од остварување на правото.

Доколку корисникот има потрошено помалку од 10м3 вода за пиење, предмет на субвенција ќе биде реално потрошената количина на вода за пиење.

По основ на овој Јавен повик ќе бидат субвенционирани 50 лица. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

2.Право на учество на јавниот повик

Право на учество имаат жителите на општина Берово, кои ги исполнуваат условите од овој повик.

3.Услови кои треба да ги исполни барателот

Субвенционирањето од средствата на Буџетот на општина Берово ќе можат да го користат 50 лица кои имаат статус на:

Корисник на гарантирана минимална помош или

-Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен,

Услов за погоренаведените категории е: корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и активно да бараат работа; заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.600,оо денари во предходната година.

Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.

*Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања.

Услов за оваа категорија на корисници (по основ на инвалидитет или тешка болест) е во предходната година, заедно со брачните другари да не остваруваат приходи поголеми од 105.600,оо денари.

Сите категории на граѓани утврдени во точка 3 од овој повик, субвенционирањето ќе можат да го користат доколку кумулативно ги исполнуваат следните критериуми:

-Да се државјани на Република Северна Македонија;

-Да се жители на oпштина Берово;

-Да се корисници на услуги за вода за пиење од ЈПКР “Услуга” Берово;

-Да се подносители на барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

 

4.Начин на пријавување на јавниот повик

За учество на Јавниот повик и доказ дека условите од истиот се исполнети барателот треба да достави:

-Барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;

-Доказ за државјанство на барателот;

-Доказ за жителство, со доставување копија на важечка лична карта на барателот;

-фотокопија од последната сметка за вода издадена од ЈПКР “Услуга” Берово;

-доказ дека припаѓа на една од 3-те категории на граѓани од точка 3 на овој повик со прилог доказ за исполнување на условите од категоријата чиј статус го има.

Барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги заедно со потребната документација, барателите во затворен плик ги доставуваат во Архива на Општина Берово, ул. “Димитар Влахов” бр.10 Берово, со назнака “за Јавен оглас за субвенционирање на трошоци за комунални услуги”

Архивата на Општина Берово примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 

5.Начин на спроведување на јавниот повик

Постапката по објавениот оглас ќе ја спроведува Комисија, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово. Комисијата ќе ги прибира поднесените барања, ќе ги обработува истите и за оние баратели кои ги исполнуваат условите по објавениот јавен оглас, ќе достави предлог до Градоначалникот за избор на корисници на субвенцијата на трошоци за комуналните услуги.

За секој корисник на субвенцијата Градоначалникот ќе носи поединечно Решение.

Барателите кои не ги исполнуваат условите по јавниот повик, ќе бидат писмено извесетни од страна на Комисијата.

Јавниот оглас ќе трае 30 дена, сметано од денот на објавувањето на веб страната на Општина Берово, односно заклучно со 07.02.2020 година.

Доколку на повикот се пријават повеќе од 50 лица кои ги исполнуваат условите за субвенцинирање, Комисијата ќе го примени принципот “прв дојден- прв услужен”, односно правото ќе го остварат првите 50 лица, чии пријави ќе бидат навремени и во целост ги исполнуваат условите од повикот.

Бр. 22-68//1

8.1.2020 година

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии