Насловна Актуелно Вести Урбана опрема и обновена пешачка патека доби блокот во близина на Основен суд во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Урбана опрема и обновена пешачка патека доби блокот во близина на Основен суд во Берово

Граѓаните на Општина Берово, добија нов урбан парк, на просторот во близина на Основниот суд во Берово, од десната страна на река Брегалница.

Паркот е уреден и опремен, во рамките на проектот за ,,Изградба на пешачката патека на река Брегалница и уредување на речното корито во Берово, кој се реализира преку Центарот за развој на Источно плански регион, од Програмата за рамномерен регионален развој.

Паркот е опремен со нова урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци, помеѓу зеленилото се направени патеки, со бехатон плочки, па така ова целосно запуштено место, прерасна во еден убав локален парк, каде што граѓаните ќе можат да поминуваат пријатни моменти.

Местото кое што некогаш беше доста фреквентно, а долги години наназад беше запустено,  повторно го врати џагорот од најмалите, кои го користат најмногу како велосипедска патека, но не изостанува ни пријатниот престој и релаксацијата како на помалите, така и на повозрасните.

Во рамките на истиот проект, Берово наскоро ќе добие и ново детско игралиште на ул,,Партизанска” , пред комплексот стамбени згради.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии