Насловна Актуелно Вести Се решава долгогодишниот проблем со урбанизација на селата: Владимирово, Русиново, Ратево и Двориште

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Се решава долгогодишниот проблем со урбанизација на селата: Владимирово, Русиново, Ратево и Двориште

 

Берово го решава најголемиот проблем со урбанистички планови за 4 села, кои досега немаа никаква урбанизација.

Советот на Општина Берово, на денешната 26-та , Седница, едногласно, ги усвои одлуките за донесување на УРБАНИСТЧКИ ПЛАНОВИ, за селата Владимирово, Русиново, Ратево и Двориште.

 

Општина Берово, обезбеди средства, за донесување на урбанистичките планови преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, во висина од околу 1.000.000,00 денари.

Непостоењето на урбанистичките планови досега, беше причина за многу проблеми за жителите, на овие четири села, со оглед на тоа што во останатите села на територијата на Општина Берово, урбанизацијата беше уредена со општ акт, како најниско ниво на урбанизација, меѓутоа сепак одговараше на потребите на жителите.

Урбанистичките планови за четирите села, ќе овозможат, доизградба на инфраструктурата, решавање на имотно правните работи за граѓаните и урбанистички развој на населените места а со тоа и подобрување на условите за живот, во селските населби.

Урбанизацијата во Берово, продолжува со изработка на ГУП за Берово, кое нешто е во тек, после што ќе се пристапи кон измена на ДУП за Берово по блокови, каде што се уште не е донесен и урбанистички планови за останатите села.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии