Насловна Актуелно Вести Потпишан договорот за изградба на пешачка патека и заштитна ограда на река Брегалница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Потпишан договорот за изградба на пешачка патека и заштитна ограда на река Брегалница

 

Вчера, во просториите на Општина Берово, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и законскиот застапник на фирмата ДГТУП „Џови Комапни“ од Ново Село го потпишаа договорот за изградба на пешачка патека и заштитна ограда покрај реката Брегалница, санација на кејските ѕидови како и осветлување во потегот од поранешниот хотел Македонија па до спојот со мостот на улица “Вељко Влаховиќ“.

 

Овие градежни работи се дел од имплементацијата на проектот “Заштита на жителите долж две реки“ кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугарија, финансиран од програмата ИНТЕРРЕГ, прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за 12 месеци.

Општина Берово е лидер помеѓу општините во имплементација на Европски проекти, така ова е петти по ред проект, кој го имплементира од оваа програма. Претходно беше изграден Бизнис Инкубаторот, реконструиран е дел од кејот на река Брегалница, реконстуирана е детската градинка во с.Русиново и беше изградена филтер станица за вода, на Беровско езеро.

Проект CB006.2.12.120 "Заштита на жителите од една планина долж две реки".

Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија  Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006.

 

Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија  преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија и Северна На Македонија - CCI No 2014TC16I5CB006.  Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии